Рефлексии

Несоодветно и небрижно образование – фабрики за производство на деца

“Барањето децата да ги исполнат целите на стандардизираните тестови е исто како да бараме од нив да ги исполнат продажните квоти. Нашите деца не се стока. “~ К.Л. Нилсен

10329217_779081555457009_705688265889549922_n

Во многу земји низ светот се води борба помеѓу две многу различни парадигми за едукација на децата. Доминантниот систем е воспоставен пред повеќе од сто години и тој понекогаш се нарекува “фабрички модел”. Во него училиштата се поставени да го администрираат “суштинското знаење” врз групи на деца на иста возраст истовремено. По завршувањето на наставата, децата се тестираат за да се види колку од наставата разбрале и запомнале.

Овој систем е базиран на начинот на кој фабриките и научните експерименти биле дизајнирани на почетокот на минатиот век. Иако овој пристап се чини дека е за пренесување на “знаење” на децата, сепак постои и неискажан “скриен наставен план” што се предава. Како што напишал Џон Тејлор Гато, таквото школување ги учи младите да ја почитуваат власта, да ги следат инструкциите, да се покоруваат, да бидат подготвени да се вклучат во тешки активности кои често изгледаат бесмислени и да прифатат дека општеството е составено од луѓе со различни нивоа на талент и социјален статус.

Во последните децении, истражувањата во образованието и развојот на децата укажуваат дека фабричкиот модел е базиран на неколку погрешни претпоставки. Се претпоставува дека учењето може да се мери со стандардизирани тестови и дека сите деца ќе учат со иста стапка и на ист начин. Ова едноставно не е точно. Фактот дека децата најдобро учат кога нешто е значајно, пријатно и интересно за нив е игнорирано. Важноста на учењето во групи и од малку постари деца исто така не се смета за релевантна.

Како што го опишува Кен Робинсон, индустрискиот модел на образование е форма на социјален инженеринг кој креирал многу проблеми во нашиот свет. Тој не се вклопува во природниот начин на кој децата навистина учат. Не ја наградува креативноста, иновативноста, независноста, сочувството, интуицијата, довербата, соработката и многу други суштински карактерни особини, а наместо тоа поттикнува социјална дисфункција, отуѓување и чувство на личен неуспех и некомпетентност.

На малку субверзивен начин, љубовта кон учењето и природната љубопитност што децата ја донесуваат во овој свет се репрограмира на тој начин тие да се научат да работат напорно за да ги задоволат другите и да прават работи од корисни причини за да добијат награди и повисок статус во средината.

Фабричките училишта се дизајнирани да ги поделат децата во категории на победници и губитници, создавајќи социјална “подкласа” на потенцијално бистри ученици, кои стануваат немотивирани и неквалификувани. Оние со ниски способности, статус и самодоверба неминовно се навлекуваат на штетни активности (банди, криминал, дроги, итн). За да се присилат на почитување и внимание во училиштата, на децата се почесто им се препишуваат “одобрени” лекови, за што идните последици се непознати.

Овој модел на образование, што изгледа како да е излезен од делото на Џорџ Орвел “1984” или од “Храбриот нов свет” на Алдоус Хаксли, е дизајниран за производство на послушни работници на модерната индустриска економија во минатиот век. Наместо за негување на вистинска креативност, независност, вештини и учење, всушност, тој е метод за производство на идни роботски работници.

Интересно, заедно со создавањето на фабричкиот модел, исто така, се развивала и многу различна образовна парадигма. Овој модел на образование е фокусиран на учениците и најчесто е нарекуван модел на мајсторството. Училиштата на Марија Монтесори, тргнувајќи од претпоставката дека децата мора да имаат контрола врз сопственото учење и дека среќата на детето е знак дека образованието е ефективно, биле поставени на овој начин. Возрасните ја обликуваат средината за учење, но на начин кој поттикнува истражување, љубопитност, креативност, автономија и развивање на вештини.

10377455_861154860583011_3247067620367868023_n

Слични пристапи се појавиле во последните децении, докажувајќи се како поуспешни од принципот на фабричките училишта. Кон крајот на 1980-тите, училиштата на проф. Хенк Левин од Стенфорд спровеле ваков модел кој е фокусиран на учениците. Исто така постои проект развиен од Хауард Гарднер на Харвард како и Програма за развој на училиштата на д-р Џејмс Комер од Јеил кои ја докажале својата ефикасност. Овој модел успешно се спроведува во Финска, нација која ја почитуваат едукаторите од целиот свет.

Се поставува прашањето, ако овој модел кој се фокусира на учениците се докажал како толку ефикасен, зошто тогаш “фабричкиот модел” се уште доминира во многу “водечки” земји низ светот? Зошто толку многу бизнис и владини лидери во држави како САД, Јапонија, Велика Британија и Кореја се опседнати со резултатите од тестовите и меѓународните рангирања? Дали не се свесни за општествените последици од овој пристап?

Учениците во Азија поминуваат многу добро на стандардизираните тестови, но по која цена? Во Јужна Кореја има високи стапки на самоубиства, физички болести и депресија поврзани со притисоците од образованието. Во Кина , на некои студенти им се даваат инфузии во училниците за да им помогнат да учат цел ден без да се онесвестат. Во Јапонија учениците се запишуваат на специјални училишта (cram schools) за меморизирање на поголем волумен на информации и “факти”, само за да заборават поголем дел од информациите во рок од една година или побргу. Дури и во “најдобрите” средни училишта во Јапонија од учениците се очекува да ја запомнат англиската граматика и речник, без притоа да им се даде можност да развиваат комуникациски вештини кои ќе им овозможат да го користат наученото. На прашањето зошто училиштата продолжуваат да го учат англискиот јазик на овој начин, одговорот даден од јапонските наставници е секогаш ист: “Нема време да се практикува вистинска комуникација, тие треба да го научат за испит”.

582384_550484314983402_348220024_n

Само-насочување, соработка со другите и уживање во учењето се клучни за образованието. Децата треба да бидат заинтересирани за она што го учат и да имаат многу можности да го практикуваат и применуваат стекнатото знаење со цел подлабоко да го разберат она што го учат и да развијат вистински вештини и компетенции.

Тестовите немаат врска со успехот, љубовта кон учењето и желбата да се совлада нешто ги охрабрува учениците да ги развијат своите вештини.

Истражувачките докази постојат, а успехот се гледа во училиштата на Монтесори, пристапот на Финска, програмите на образовните лидери како Џејмс Комер, Хенк Левин, Хауард Гарднер и други.

Што е тогаш проблемот?

Продолжувањето со принципот на високо-стресно тестирање и социјално дисфункционален пристап на фабричкиот модел е небрижност и несоодветно образование. Додека корпоративните лидери, компаниите за тестирање и владините лидери сакаат да го ажурираат, надградат и одржуваат овој модел, мнозинството родители и наставници знаат подобро.

Со авторитарниот акцент на покорност, конкуренција и тестирање, фабричкиот модел е застарен, недемократски и нечовечки. Движејќи се кон 21-от век, тој е реликвија од нашето минато која треба да се растури и да се пензионира засекогаш.

Кен Робинсон – Револуција во образованието

 

 

Зошто потрошувачите се несвесни за електромагнетното загадување?

Загадување! Трендовски и актуелен, но мрачен збор што означува нешто што повеќето луѓе не го сфаќаат сериозно и не му придаваат големо значење. Малку се оние кои разбираат што го предизвикува, кои се ефектите и како тоа влијае врз самите нив и животната средина.

electro_chem

Луѓето и технологијата, ненамерно или намерно, се примарните придонесувачи кон комплетното загадување. Процесите на производство, добивањето суровини и ресурси (рударство, шумарство, итн.) и технолошкиот “напредок”, заедно со издувните гасови од моторните возила, се неговите главни соработници.

Загадувањето кое е направено од човекот и неговите катастрофални еколошки и негативни здравствени ефекти се нарекува “антропогена активност”, што значи промени направени во природата од страна на луѓето. Попознати се: Земјоделско (почва, вода); Воздушно; Хемиско (опасен отпад), Светлина; Бучава; Радиоактивност; Термaлно.

Сепак, оваа листа на загадување не е целосна! Недостасуваат: Електромагнетните фреквенции(ЕМФ); Микробрановите радиофреквенции(РФ); Не-термичките зрачење и управувањето со соларна радијација (СРМ), попознато како “chem-trails” или временски геоинженеринг.

Само еден од горенаведените четири извори на загадување е видлив за луѓето, доволно е само да ги подигнеме главите од нашите телефони за да видиме што се случува на небото над нашите глави.

chem-image-1

Останатите три се невидливи за голо човечко око, но не и за човечката физиологија и за физологијата на другите живи организми, вклучувајќи го и растителниот свет!

Може ли да го видите ветерот? Не! Она што всушност го гледате се ефектите на ветерот, во повеќето случаи, расфрлано ѓубре, лисја и слично, но навистина не можете да го видите ветерот сам по себе, но, може да го почувствувате. Можете да видите облак од торнадо формиран од ветрот, но ветерот сам по себе не е видлив за голо око. Тоа е аналогијата и со електромагнетната фреквенција, радиофреквенциите и не-термичкото зрачење. Иако, во повеќето случаи, човечкото око не може да ги види електромагнетните фреквенции, тие сигурно постојат и може да се детектираат и измерат со користење на одредена опрема (детектори, емф-метри).

Иако невидливи, нивното присуство во атмосферата е реално, сеприсутно и се дел од морето на електромагнетни фреквенции со кои постојано сме бомбардирани – или, како што некои би рекле, благо сме помилувани со “мал електричен удар”!

Сегашната опсесија со мобилни телефони, паметни телефони и други технологии со микробранови зрачења, како, Wi-Fi опремата, бежичните рутери, компјутерските мрежи, АМИ паметните мерни инструменти, итн., создаваат загадување кое малкумина го знаат, но сите сме под негово негативно влијание. Секој пат кога некој користи мобилен телефон или некој технички производ кој користи микробранови за да работи, се создава електромагнетно фреквентно загадување(РФ) кое предизвикува здравствен проблем наречен елекромагнетна хиперсензитивност (ЕХС).

Електромагнетното зрачење се акумулира во телото се додека не можете да размислувате и функционирате правилно. Според статистичките податоци, 3,2% од жителите на Калифорнија; 9% од Германците; и 5% од швајцарската популација се пожалиле на ЕХС!

Тоа е непознатото несакано дејство на невидливото загадување на микробрановите зрачења и на ЕМФ/РФ, кои најчесто се појавуваат по долга изложеност на мобилен телефон и други електромагнетни фреквенции со години ЕХС синдромот (електросензитивност) е светски признаен како функционално оштетување и индивидуална попреченост.

Истражувачите проценуваат дека околу 3% од населението има тешки симптоми на ЕХС, а уште 35% од популацијата има умерени симптоми како што се нарушен имунолошки систем и хронични болести.

Дали зависноста од мобилните телефони и електромагнетната технологија навистина вреди?

Видови на загадување http://greenliving.lovetoknow.com/Types_of_Pollution

Лекарите презентираат докази за влијанието на безжичните зрачења кај децата 3 Мај, 2016 – Балтимор, Мериленд

Колкаво е електромагнетно зрачење на кое сме изложени?

ЕМФ/РФ и Електромагнетна хиперсензитивност, Д-р Вилијам Рае, МД / Центар за здравје на животната средина, 8345 Walnut Hill Ln # 220, Далас, Тексас, Телефон: +1 (214) 368-4132

Дали Божиќ е суров и неправеден култ кој треба да го снема?

Секој може да ги препознае материјалните, нездравите или едноставнo нелогичните аспекти на Божиќ. Нездрави суми на пари потрошени за подароци, бескрајно препуштање на нездрава храна, дедо мраз итн.

Но, тоа е само еднаш годишно, тоа е забавно за децата и одлично е да поминете време со семејството. Ова е валидно гледиште, но ни една од овие работи нема врска со тоа што всушност треба да претставува Божиќ.

25630467_10159748020690187_1289050374_n

Вистинското значење на Божиќ е да се прослави раѓањето на Исус, но дури и тоа е ирелевантно, бидејќи се верува дека Исус е роден некаде околу ????? Значи, што е Божик за сите? И покрај тоа што Халмарк би сакал да верувате, целиот Божик навистина е сурова елитистичка институција на која треба да и се стави крај. Реалноста за прославата на Божиќ е, колку и да сакаме да го негираме тоа, дека таа е резервирана за најпривилегираните во човечкото општество.

Сите сме колективно слепи за фактот дека огромното мнозинство на луѓе на планетата не се во можност да го прослават Божиќ на начин на кој медиумите ни кажуваат дека треба. Ова создава чувство на неуспех, неприпадност и чувство на загуба. Просечниот американец ќе потроши околу 700 долари за подароци оваа година во вкупна вредност од повеќе од 465 милијарди долари, проценува Националната федерација за малопродажба. Од друга страна, Обединетите Нации проценуваат дека со само 30 милијарди долари годишно би можело да се стави крај на светскиот глад. Ако само една година американците, наместо да се распрснат на подароци, ги донираат овие пари, за 15 години гладот ​​во светот ќе престане да биде проблем. А што правиме ако и останатите развиени земји го следат овој пример? Значи, имаме средства да ги решиме проблемите во светот, но за жал нашето капиталистичко општество не ги поддржува овие средства.

Друг проблем е дека голем дел од парите што се трошат луѓето воопшто и ги немаат на располагање. Поради медиумите и средината, семејствата чувствуваат огромен притисок да создадат совршен Божиќ за своите семејства. Ниеден друг ден нема повеќе притисок да се троши отколку на Божиќ. Подароци, украси, храна, настани, патувања…. и ниту едно од нив не се смета за луксуз за време на Божиќ. Стотици илјади луѓе се задолжуваат во ова време од годината бидејќи општеството умешно и намерно не индоктринирало да веруваме дека ние мораме да се приспособиме и да ја прифатиме оваа верзија на Божиќ.

Многу родители секоја година за Божиќ се борат да и обезбедат многу подароци на своите деца бидејќи тоа е задолжително, тие не треба да се делат од средината, а пак децата ги очекуваат тие подароци. Меѓутоа кога децата ќе слушнат за сите поскапи подароци што нивните побогати другарчиња ги добиле започнуваат да се прашуваат дали тие биле лоши па затоа Дедо Мраз не можел и нив да им даде такви поклони или тоа што тие го посакале. Тогаш што е со милионите деца во Африка, Азија и Јужна Америка кои пак најверојатно се прашуваат зошто Дедо Мраз воопшто не им ни доаѓа?

Но, време е да се биде заедно со семејството. Добро, но зошто притисокот? Речиси паралелно со неконтролираниот консумеризам е и притисокот дека треба да поминете време со вашето семејство. Што е со луѓето кои немаат  семејство, не можат да го посетат семејството што го имаат или едноставно ја изгубиле врската со нивното семејство. Многумина немаат финансиски средства да патуваат во посета на семејството. Дали постои слика за Божиќ на која нема среќно потесно семејство кое седи околу богата трпеза за вечера и во соба со накитена елка со безброј поклони под неа? Размислете за секој божиќен филм што некогаш сте го гледале. Многу луѓе се отуѓени од своето семејство или претрпеле траума од страна на некои членови на семејството. Замислете како тие го доживуваат притисокот “да се биде со семејството” за Божиќ. Што е со луѓето кои се бездомници или се далеку од дома? Луѓето се соочуваат со огромна вина и притисок поради тоа што тие мораат да бидат “социјални”, без разлика дали тоа е нешто што го сакаат или не. Зарем не треба да бидеме со нашето семејство кога на нас тоа ни одговара, кога чувствуваме дека исправно и автентично? Зошто ни е потребен празник за да ни каже кога ние треба да направиме нешто?

Дали е ова вистинскиот начин за славење  на човековите вредности и манифестирање на хуманоста олицетворени во ликот и делото на Исус или и ова е уште една злоупотреба на човековата свест и интелигенција?

Подготвени за нов начин на размислување?

“За да може човештвото да преживее ќе му биде потребен тотално нов и различен начин на размислување “. ~ Алберт Ајнштајн

van-gogh-2

Ако ги вклучите вестите, може да забележите дека човечкиот вид постојано е во криза. Сиромаштијата, расизмот, политичките поделби, еколошкото уништување, социјалната нестабилност и другите навидум “нерешливи” проблеми се чини дека се влошуваат. А сепак, кога одите во шума или гледате ноќе во небото, постои чувство дека живеете во Универзум со голема рамнотежа, мистерија и убавина.

Мудрите меѓу нашиот вид постојано нудеа многу едноставни решенија за тешкотиите на човештвото. Волт Витман и Ван Гог беа оптоварени со убавината што нè опкружува и се обидоа да го споделат тоа во својата поезија и слики. Далај Лама честопати знае да рече дека ние само треба да дадеме приоритет на мирот, благодарноста, љубовта и мудроста. Дека проблемите на човечкото семејство се предизвикани од затворени срца и умови и истите ќе бидат решени како што се повеќе и повеќе ќе ги отвориме. Дали може да биде толку едноставно?

“Ако има љубов, постои надеж дека ќе има вистински семејства, вистинско братство, вистинска смиреност, вистински мир. Ако љубовта во вашиот ум е изгубена, ако продолжите да ги гледате другите суштества како непријатели, тогаш без разлика колку знаење или образование имате, без разлика колку материјален напредок сте направиле, ќе не очекуваат само страдање и конфузија. “~ Далај Лама

Советите на Далај Лама се совпаѓаат со она што Исус го подучуваше и со она што Чарли Чаплин го зборуваше (видете го видеото подолу). Во тоа време, Чаплин и Ајнштајн ја истакнаа потребата за повеќе сочувство, имагинација, визија и љубезност, а помалку акцент на технологијата и материјализмот.

Тие веруваа дека проблемите на човештвото произлегуваат од недостатокот на љубов, вкоренети во кризата на слободно размислување, доминантниот поглед на светот на воинствените цивилизации кои промовираат страв, агресија и нагласување на проблемите, наместо благодарност, љубов и посветување на внимание за изнаоѓање на креативни решенија.

Тажната вистина е дека модерниот човек го гледа светот на едноставен начин, исто како што нашите предци го гледале пред 2000 години. Нашите секуларни институции (медиуми, влада, образование) нè тренираат да ја категоризираме и разделиме реалноста, да се фокусираме на разликите, а не на конекциите и меѓусебната поврзаност. Не тренираат животот да го сметаме за борба, идентификувајќи се себеси и другите по раса, религија, националност, политичка припадност, пол, ниво на образование или професија. Ние го раздвојуваме светот во нашите умови и се поставуваме во постојана меѓусобна борба.

Таквото размислување ја потхранува поларизацијата, лутината и конфликтот. Овие различности и споредби нè водат до “нас” наспроти “нив” говор на омраза, национализам, расизам, елитизам и политика на идентитет. Ова го храни вечниот менталитет на воините, политичкиот конфликт, милитаризмот, чувството за конкуренција, стравот и поделбата.

trump-clinton-angry

За да станеме помудри како вид, Ајнштајн верувал дека треба да развиеме пошироко и подлабоко чувство за идентитет, оној што се фокусира на нашиот однос со Универзумот и еден спрема друг, а не на културните разлики. Тој нѐ охрабруваше да ги надминеме нашите човечки идентификации (раса, политика, пол, националност, религија), фокусирајќи се на нашата поврзаност со Космосот и Планетата. Разбирајќи се себеси како жители на Земјата, деца на Природата и Универзумот, нè упатуваше во вистинската насока. Тој рече:

“Човечкото битие е дел од целината наречена универзум, делумно ограничен во времето и просторот. Тој се доживува себеси, неговите мисли и чувства како нешто одвоено од останатите, еден вид на оптичка заблуда на неговата свест. Оваа заблуда е еден вид затвор за нас, ограничувајќи нѐ на нашите лични желби и љубов кон неколкуте најблиски до нас. Нашата задача мора да биде да се ослободиме од овој затвор преку проширување на кругот на сочувство опфаќајки ги сите живи суштества и природата со целата нејзина убавина “.

Она што недостасува кај “мејнстрим” свестa е чувството за себе како членови на човечкото семејство, Универзумот и Земјината заедница. Ние тежнееме да то игнорираме тоа дека нашите клетки и тела се дел од креативната историја на еволуцијата, дека нашите атоми се дел од историјата на Космосот.

cool-einstein-2222

Мирот и благодарноста природно се појавуваат во нашите срца кога се рефлектираме како дел од една многу поголема целина. Таквата свест доживеа револуција за човештвото во текот на 1960-тите години и ние треба повторно да се кренеме. Како што Алан Вотс изјави:

“Ако се гледате на правилен начин, сите вие сте извонредни феномени на природата како дрвјата, облаците, течението на реките, треперењето на огнот, распоредот на ѕвездите и формата на галаксиите. Сите сте тоа. “

Она во што веруваа Ајнштајн, Вотс, Ганди, Мартин Лутер Кинг, Далај Лама и многу други е дека нашиот вид има потенцијал да стене помудар, покреативен и да сака како вид. Ние само треба да бидеме свесни за нашата врска со остатокот од човештвото, со Природата и Космосот. Треба да бидеме повеќе вкоренети во спиритуелен и духовен поглед, а помалку во материјалистички. Повеќето современи луѓе се толку преокупирани со економскиот статус, општествената позиција и културните идентитети што го игнорираат Универзумот кој ги создал, системите на Природата на кои им припаѓаат и кои ги одржуваат нивните животи. Поради тоа ние се занимаваме со ситни човечки драми, милитаризам, национализам, економија и глобални политички игри.

Нашиот вид треба да разбере дека ние сме жив дел од Природата, за да не паднеме во заблудените модели на размислување и емоционалните драми што самите си ги создаваме. Треба да видиме како нашите погледи на поделба во светот создаваат конфликти (внатрешни и надворешни), ограничувајќи ја нашата способност да соработуваме со оние кои размислуваат поинаку од нас, сузбивајќи го нашиот потенцијал за подлабок мир, рамнотежа, мудрост, сочувство и радост.

10408066_849888291705531_6250928082129244220_n

Духовните традиции (заедно со унифицирана визија за науката) може да ни помогнат и да нѐ потсетат дека припаѓаме на поголемата заедница на животот. Дека живееме во креативна Вселена и припаѓаме на природниот свет.

“Кој би негирал дека кога пијам чај, не го голтам целиот универзум и дека токму тој момент од подигнувањето и ставањето на филџанот на моите усни не е вечноста што ја надминува времето и просторот?” – Д.Т. Сузуки

Сето ова е присутно и во мистичните традиции на јудаизмот, христијанството, зенот и исламот. Многу домородни култури секојдневно се идентификуваат со Изворот на животот, со Природата и заедницата на Земјата. Оваа идентификација е важна, разбирањето на поголема целина (и чувство на благодарност во нивните срца) ја води заедницата до решавање на проблемите и правилно одлучување и расудување. Домородните култури имаат практики за да им помогнат да останат свесни за нивниот идентитет на Земјата и одговорноста за планетата и нареднте човечки генерации. Поради ова, овие домородни култури многу повеќе живееле во рамнотежа и хармонија со Земјата.

care-earth

Може ли “цивилизираните луѓе” да станат поумни и посвесни за поврзаностa со Земјата, повеќе сочувствителни кон другите суштества и луѓето кои ги опкружуваат?

Мораме, бидејќи Земјата навистина е во криза. Борбата на Индијанците кои се обидуваат да го запрат нафтоводот, укажува на предизвикот со кој се соочуваме како вид. Треба да се здружиме и да ги предизвикаме оние што сеуште  размислуваат преку страв, материјализам и алчност. Ќе бидеме поуспешни ако нашите напори се засноваат на поинаков начин на размислување, водени од мудрост, благодарност, сочувство и љубов.

Ако не научиме да живееме во хармонија со Природата и да бидеме дарежливи еден со друг, сите идни генерации ќе страдаат. Иднината ќе биде дистописка, насилна, полна со сиромаштија и тажна, како што и денес се многу места на Планетата. Треба да разбереме како културните гледишта и научни парадигми влијаат врз нашите светски погледи. Како верувањата го обликуваат нашето размислување, како мислите влијаат на чувствата, колку емоциите ги регулираат нашите постапки, начинот на кој ги гледаме проблемите и го доживуваме нашиот живот. Додека ние стануваме поумни и научиме да сакаме подлабоко, човечката заедница ќе биде во подобра позиција да ги реши проблемите, кои од ден за ден се повеќе растат. Свесноста за тоа колку е ретка и убава нашата планета и колку се скапоцени нашите животи, може да ги отвори нашите срца, да не наполни со благодарност, да ја разбуди нашата креативност, да нè води до нови начини на размислување и похумани начини на постоење.

“Атомите што ги конструираат молекулите кои го сочинуваат вашето тело можат да се следат се до центрите на масивните ѕвезди кои експлодирале во галаксијата, збогатувајќи ги чистите гасни облаци со хемијата на животот. Така, сите ние сме биолошки поврзани, со земјата хемиски, а со остатокот од универзумот атомски. Тоа не значи дека ние сме подобри од универзумот, ние сме дел од универзумот. Ние сме во универзумот и универзумот е во нас “. – Нил де Грас Тајсон

269300_562726620421701_867955891_n

Во текот на последните сто години, западните научници ни дале подлабоко гледиште за Универзумот, Животот и Природата како креативен и унифициран процес на самоорганизирање. За жал, повеќето современи општества сеуште работат со застарени идеи и претпоставки кои не ја одразуваат оваа нова парадигма. Алберт Ајнштајн го сфатил ова како и многу други.

За да преживееме како вид, од суштинско значење е да ги смениме парадигмите, да развиваме начини на размислување и однесување кои се повеќе усогласени со начинот на кој функционираат системите на Природата човечкиот живот.

screen-shot-2016-12-26-at-2-36-56-pm

 “Она што ни е потребно за да го трасираме нашиот општествен пат е еден вид на еволутивен компас. Компас кој ќе ги насочува нашите напори да се усогласат со општите еволутивни процеси од кои сме сите дел… Затоа, наместо да бараме да доминираме на планетата, потрагата треба да прерасне во една динамична хармонизација на еволутивната консонанца… Тогаш, еволутивниот компас ќе биде тој што ќе го насочи нашиот пат кон синтониските патеки на идното создавање”.~Александар Лазло

“Вие не сте ВО универзумот, вие СТЕ универзумот, суштински дел од него. На крајот, вие не сте личност, туку фокусна точка каде што универзумот станува свесност. Какво неверојатно  чудо. “~ Екхарт Толе

 

Зависни од “скролот” – време е да се соочиме со вистината

Дали е време навистина да погледнеме што социјалните медиуми всушност ни прават?

Facebook-video_765x0_80-759x411

Проблемот е дека ние навистина не ги знаеме долгорочните последици од премногу поминатото време пред екран, бидејќи да се биде прикачен на екранот со часови е релативно нов аспект на нашиот секојдневен начин на живот и социјална интеракција. Поминати се само 10 години откако првиот iPhone беше пуштен на пазарот и откако Фејсбук почна да функционира.

Социјалните медиуми очигеледно го сменија нашето општество на многу начини, но има една најочигледна промена која се случува во последните години – колку се тие зависни и колку одзимаат време. Иако има добри и едукативни содржини и убаво е да се види што пријателите и членовите на семејството прават или што се случува во светот околу нас, сепак во најголем дел тоа е губење на време, и реално, тоа може да биде стапица.

Дури и поранешниот претседател на Фејсбук, Шон Паркер, има изјавено:

“Идејата при креирањето на овие апликации, Фејсбук како прва од нив, беше како да консумираме колку што е можно повеќе од вашето време и свесното внимание? Тоа значи дека повремено треба да примате малку допамин бидејќи некој ви кликнал “лајк” или коментирал за фотографија или пост или што и да е. Тоа ќе ве натера да објавувате повеќе содржини, а тоа ќе ви донесе … повеќе “лајкови” и коментари. Тоа е циклус на повратна информација за социјална валидација … токму она што секој хакер, како мене, би го смислил, бидејќи така се експлоатира ранливост во човечката психологија. Пронаоѓачите, креаторите – како мене, како Марк [Цукерберг], како Кевин Систром [Инстаграм], тоа се се луѓе кои свесно го разбираат и знаат ова. Сепак ние го сторивме тоа.”

Знаењето дека постои план и агенда зад оваа зависност и дека таа е свесно дизајнирана за да ме заглави во бесконечен циклус, може да ми помогне да сфатам дека можеби сум, токму јас, една од жртвите на стапицата.

Фејсбук не е невин минувач во оваа равенка, тие добро знаат што прават и го дизајнираат на тој начин со причина – да ве држат на интернет, да ве држат во оваа бесконечна, често безумна јамка на “скролот”. Имајќи го тоа на ум, дали сеуште сакате да ја подарите својата моќ на една глобална корпорација која е јасно дека не работи во ваш најдобар интерес? Бидејќи на крајот на денот, сето се сведува на едно…. да ви се продаде нешто, било што.

Што можеме да направиме?

Кога ќе почувствувате дека сте зависни од нешто, било кафе, марихуана, слатки, тутун…, треба да се обидете да се одморите од тоа само за да го скршите циклусот и да ја повратите моќта над ситуацијата. Прекинувајќи во моментот кога ќе ја препознаете зависната шема го прекинувате и циклусот. Тогаш сфаќате дека тоа е огромно губење на време и дека има многу подобри работи што можете да ги правите со тоа време.

Ова е добра можност да се проверите самите себе, а ако размислувате, “но јас го читам овој напис на Фејсбук, како инаку би го видел ова?”, ова е валидна поента, но постојат и други начини за пристап до информации! Фејсбук презеде голем дел од интернетот во текот на годините што често забораваме како изгледаше интернетот пред експлозијата на Фејсбук.

Не е дека треба да прекинете да го користите целосно, само треба да бидете свесни за  што е наменет на прво место, користите го за ваша корист и не дозволувајте тој вас да ве користи.

Вратете ја моќта

Дали се потпирате на Фејсбук за вашите дневни вести или читање? Не заборавајте дека Фејсбук има алгоритми кои диктираат што да ви се прикажува, а дополнително ви се прикажуваат и содржини на страници кои што плаќаат за тоа….ова е форма на цензура.

Пред неколку години, ако сте имале страница која ви “се допаднала” на Фејсбук, ќе ја видите и содржина на таа страница, но сега, без да одите на таа страница, малку е веројатно дека тоа ќе се случи. Пред Фејсбук да преземе сè, се користеше функцијата обележувач (bookmark) и секој сам си претражуваше, истражуваше и си ги пронаоѓаше вестите. Денес комплетно се потпираме на Фејсбук да ни ја стави содржината пред лицето. Важно е да се има на ум, дека тоа што го гледате, го гледате со причина. Да не заборавиме како Фејсбук во суштина го презеде Youtube, MSN messenger, и во голема мера, методите на комуникација, како што се испраќање на пораки и е-пошта.

Дали е мудро да ги ставаме сите наши јајца во една кошница? Или би требало да бидеме проактивни и сами да одлучиме што сакаме да гледаме и кои платформи да ги користиме?

Кои се вашите мисли за социјалните медиуми и за нашата зависност? Дали неодамна сте ја исфрлиле оваа навика и се чувствував многу подобро за тоа?

Ние сме суверени битија – време е да почнеме да се однесуваме како такви

Sovereignty-1

Заедно со интересот за создавање на подобар свет, за кој сите знаеме дека може да постои, расте и свеста и огорченоста за неправдата и нерамноправноста која неконтролирано владее во светот.

Една од клучните промени што треба да се случат за да се овозможи трансформација на човечноста е да ја вратиме нашата лична моќ за самостојно размислување и расудување, моќта да ја разликуваме вистината од лагата и да стоиме цврсто на она што знаеме и сметаме дека е исправно.

Изворот кој не создал, не дарувал со слободна волја и моќ да создаваме со нашите мисли, зборови и дела. Сепак, многумина од нас се расфрлаат со овие дарби, ги трошат толку лошо што веројатно иднината на човештвото не изгледа многу светла. Човештвото е на критична раскрсница во својата историја – еден пат води кон многу мрачна иднина, а другиот има потенцијал да не доведе до ново златно време. Исходот зависи од нас, секој од нас, започнува токму сега и започнува со ослободување на умот! Клучот за враќање на слободата и создавање на подобар свет е секој од нас да си ја врати сувереноста.

Што е суверенитет?

Зборот “Суверен” се однесува на моќта или правото на една нацијата, држава или индивидуа сам да си ја определи сопствената судбина без да биде контролиран од друг. Способноста самостојно да се одреди сопствената судбина се нарекува САМО-ОПРЕДЕЛЕНОСТ и е еден аспект од безвремениот идеал наречен СЛОБОДА. Самоопределувањето и слободата се суштинските права кои ни ги дал Изворот. Личниот суверенитет се однесува на суштинско право на индивидуално самоопределување.

Но, правото на суверенитет не е исто што и да се биде суверен. Тоа најпрво треба да се наметне преку нечии мисли и дејства, или правото во основа се губи. На крај, суверенитетот мора да се демонстрира. Во изреката “Слободата не е слободна”, одекнува оваа идеја – правото мора да се положи преку постојано внимание, мисла и ангажман.

Важен дел од тоа да се биде вистински слободен е одговорноста добро и внимателно да ги расудуваме идеите, верувањата и ставовите што избираме да ги прифатиме од општеството. Всушност, ние мораме да бидеме независни и доволно уверени за да формираме сопствени идеи, верувања и ставови – и покрај притисокот што општеството го наметнува врз нас, трудејќи се да не прилагоди. Не смееме слепо да прифаќаме се што нашата влада, религија, наставници или т.н. “експерти” сакаат да веруваме. Со тоа ја отфрламе личната моќ и им овозможуваме на “силите што се” да создадат свет кој ќе им служи на нивната агенда – свет што и не е баш во најдобар интерес на човештвото.

do-not-believe-in-anything-that-does-not-resonate-with-your-heart

Ако не почнеме да формираме сопствени верувања, да му веруваме на внатрешното знаење и да стоиме зад она што во срцата знаеме дека е исправно, иднината на нашиот свет ќе биде дефинирана и креирана од малкумина со многу себична агенда. Во овој свет кој ги глорифицира семоќните пари, комерцијалните интереси управуваат со бродот. Ние сме им дозволиле да ни ги киднапираат владите, религиите, медиумите, верувањата и ставовите – материјализмот, потрошувачката, сепаратизмот и стравот им служат на нивните интереси.

Но, “силите што се” го управуваат бродот само затоа што сме им ги купиле сите верувања и ставови и сме дозволивме да станеме апатични и исклучени. Не треба да покажуваме со прсти и да ги обвинуваме оние што манипулираат со нас. Треба да сфатиме дека ние ДОЗВОЛУВАМЕ да не манипулираат, дозволувајќи им да не носат во иднина која не е наш дизајн и желба. Ние сме целосно одговорни за се во врска со нашиот живот, вклучувајќи го и она што ни се случува на нас, а ние дозволуваме премногу работи да ни се случуваат. Не паѓајте во замката “жртва на менталитетот” и не се фајќајте во играта на вина и жалење – со тоа само ја предавате својата моќ.

public-passive-apathetic-distracted

Премногу од нас едноставно дозволуваат верувањата и вредностите да им бидат определени од другите. Премногу од нас едноставно се движат спрема она што им е кажано, спрема она што владата, црквата, учителите или идолите им кажуваат да веруваат, да прават, да бидат, експлицитно или имплицитно. Премногу од нас се потчинуваат на мислењата и идеите на “АВТОРИТЕТИТЕ”. Со тоа ја предаваме нашата моќ и им дозволуваме на други да не контролираат.

Масовното верување во моќта на авторитетите е цврсто вкоренето во човечката психа … подигајќи многу прашања за вистината за тоа кои сме и зошто ја ставаме довербата на други. – Барбара Марциниак, Патот на зајакнувањето.

За да ја повратиме моќта, треба да почнеме да формираме сопствени верувања, да имаме доверба во сопствената внатрешна вистина и да го правиме она што знаеме дека е исправно, а не она што другите ни го кажуваат или општеството го очекува и наметнува. Треба да ги ангажираме срцата и умовите и да останеме цврсто на она што знаеме дека е точно и правилно. Ако не го сториме тоа наскоро, најверојатно ќе се најдеме себеси во дистописка иднина, иста како бројните фантастични новели.

Ерозија на Слободата во Време на Замаеност, Опседнатост и Страв

Во оваа ера во која доминира консумеризмот, материјализмот и потрагата по семоќните пари, многумина од нас се толку зафатени и одвлечени од бркањето на пари и ствари за поседување што не успеваме да ја видиме оваа бавна ерозија што се случува околу нас, суптилно и не толку суптилно, на многу нивоа.

Опсесијата со акумулација, материјализмот и конзервативноста, не одвлекуваат од она што навистина е важно. Фиксацијата за сите опасни, лоши и страшни работи што се случуваат во светот ни го одвлекува вниманието од она што навистина е важно. Сите војни, вклучувајќи ја и “војната против тероризмот” и “војната против дрогата”, не држат во страв.

“Вашата моќ завршува таму каде што започнува вашиот страв” – Барбара Марциниак, Патот на зајакнувањето.

И кому сето ова му служи? Им служи на тајните комерцијално-политички интереси и на воено-индустрискиот комплекс. За нив се е во парите, ништо друго не е важно и не постои повисока цел. Тие се мајстори на манипулацијата кои капитализираат од нашите слабости и стравови. Зарем не е очигледно…зарем не е доволно?

Враќање на сопствената моќ

Наше исконско право и одговорност е да ги ПОСЕДУВАМЕ сопствените верувања, идеи, принципи и вредности. Време е да ја вратиме довербата во личното внатрешно знаење и да имаме храброст да застанеме зад вистината и правдата и покрај тоа што институциите, медиумите и другите ни кажуваат. Треба да престанеме да го обвинуваме системот и да се разбудиме од мрзеливоста, занесеноста, зависностите и да ја вратиме моќта за да можеме да создадеме подобар свет!

Време е да се види кои навистина сме, а не кои другите или општеството велат дека сме или треба да бидеме. Време е да застанеме во сопствените лични вистини, а не во она што ни го кажале другите дека е вистина. Време е да формираме сопствени верувања, а не само да го превзимаме тоа што другите веруваат. Време е да застанеме зад она што е во нашите срца и за кое знаеме деке е исправно, а не она што општеството ни го кажува дека е, дури и ако тоа значи да стоиме сами.

ONE-9

Сите сме дел од моќното бесконечно битие што се нарекува УНИВЕРЗУМ, извор на “СЕ ШТО Е”.

Не ни требаат наставници, експерти, професори, гуруа, свештеници, пастири, црковни лидери, херои или идоли да ни кажуваат во што да веруваме или која е вистината. Не ни требаат нивните верувања, идеологии или практики за кои што тие се колнат дека тие се еден и единствен начин на живеење за да се достигне вистината и суштината на постоењето.  Сето тоа е во нас, целото знаење на универзумот е длабоко во нас. Сите сме поврзани со Изворот, треба само да влеземе внатре, смирени и со верба во она што ќе го најдеме, што го чувствуваме, што го знаеме.

Светла иднина за човештвото е сеуште возможна, но ќе мора се разбудиме од маглата на потрошувачката, одвратноста, мрзеливоста, апатијата и стравот, да преземеме одговорност, да почнеме да обрнуваме внимание и да се ангажираме. Сигурно ни е преку глава од должничко ропство, од секојдневното одење на работа која ја мразиме и ни е досадна, од конкуренцијата и конфликтите, од сите болки и страдања – нели?

Со сигурност може да се каже дека Изворот ќе не охрабри да избереме повисока и поголема визија за тоа што сме и што би можеле да бидеме. Со сигурност може да се каже дека Изворот би претпочитал искуство на радост, изобилство и слобода – ЗА СИТЕ.

Останува уште сонот да го претвориме во реалност.

Променете ја вашата “внатрешна приказна”

Во твојата глава има две приказни. Една е за твојот живот, а другата го контролира твојот живот – таа приказна е твојата “внатрешна приказна”. Таа е создадена во твојот ум и контролира сè што мислиш, чувствуваш и работиш. – Д-р Тим О’Брајан

HowToShiftYourInnerStory

Почитуван 1 од 7+ милијарди луѓе,

Замисли ако, од првиот ден, твоите родители и наставници те напојувале со порака дека твоја најсвета задача во животот е да го откриеш она што е најважно за тебе – за тебе како индивидуа, и дека твоја цел е да создадеш вредност од тоа.

… и, не само за твое лично и сопствено задоволство туку, како член на твоето човечко семејство, тоа е и твоја улога во целината.

Замисли ако, на секој твој чекор, те следела пораката:
Твојот живот е вреден, талкај, прашувај се. Твојата љубопитност ќе ги извлече твоите најголеми капацитети, твојата највисока интелигенција и креативност. Тоа ќе ти овозможи да му го дадеш на светот нештото кое му е потребно и кое му недостасува.

Како и колку оваа порака го менува начинот на кој донесуваш одлуки? Како твојот животот може да биде поинаков?

Понатаму, замисли дека живееш во свет во кој секое човечко суштество од првиот ден ја носи истата оваа основна порака или дефинирачки мит.

И тие, исто така, сфаќаат дека се единствени и дека се вредни ноти во колективниот хор на универзумот. Тие исто така сфаќаат дека нивна работа е да го пронајдат она нешто за кое што со љубов ќе се грижат, секој во својот мал агол од глобалната мрежа.

ONE-1

Ти си  единствена и вредна нота во колективниот хор на универзумот

Како би можел да изгледа нашиот свет?
Зошто не е така?
Кои се денешните пораки?

Наследници на безнадежниот сон

Никогаш неможеш да ги смениш работите борејќи се против постоечката реалност. За да промениш нешто, изгради нов модел кој го прави постоечкиот модел застарен. – Р.Бекминстер Фулер

Твојот идентитет на најдлабоко ниво; како се перцепираш себеси во твојот универзум, зависи единствено од тебе.

И, додека може да се најдат неколку места на планетата, сепак повеќето човечки култури во овој ден и старост го прифаќаат и се придржуваат на колективниот мит. Овие културни митови тивко не обликуваат како да гледаме на себеси и на нашата цел во животот. Тие одлучуваат како се поврзуваме еден со друг, она што го цениме и како донесуваме одлуки. Тие несвесно влијаат врз нашето искуство во животот. Нашата актуелна идеологија е онаа која фундаментално го поткопува нашето чувство за сигурност и безбедност.

За да излеземе од нашиот сегашен безнадежен сон мораме да ја смениме нашата перцепција за самите себе во самиот корен и да се редефинираме кои сме всушност ние и кое е нашето место и улога во нашиот универзум. 

ONE-12

Нашата актуелна идеологија фундаментално го поткопува нашето чувство за сигурност и безбедност

За да го сториме тоа, треба да станеме свесни за тековните дефинирачки митови кои ја обојуваат нашата перцепција, влијаат врз нашето однесување и донесување одлуки.

Четирите главни станари на нашиот безнадежен сон:

  1. Поделеност

Причината зошто светот нема единство и лежи скршен и во купишта е бидејќи човекот е разединет со самиот себе. – Ралф Валдо Емерсон

Нашата модерна светска космологија го нагласува митот за поделеност. Ние сме условени да бидеме разделени од сопствената природа, еден од друг, и од природниот свет околу нас.

Ние прецизно сме класифицирани на четири групи со 30 подгрупи, потоа поделени по националност, политичко и религиозно верување, пол и слично, кога всушност сите ние имаме 99,99+ % ист генетски материјал со сите други човечки суштества.

Под оваа преокупација со нашите разлики е скриена доктрина које е креирана единствено преку стравот дека успехот и благосостојбата на едниот го намалуваат и одземаат успехот и благосостојбата на другиот.

За да создадеме одржлива планета, мораме да преминеме од светот на “ти или јас” во светот на “ти и јас” – Р. Букминстер Фулер

Во светот на “ти или јас”, мораме да потрошиме голема доза од нашата животна сила во натпревар на еден со друг со цел да ја осигуриме нашата лична безбедност и иднина. Оваа доктина на страв не прави способни за убивање и поробување на нашиот сопствен вид.

Ние сме учени да ја мериме нашата вредност во однос на другите луѓе и општествените стандарди. Ние го цениме престижот над личниот развој.

ONE-2

Мораме да се префрлиме од светот на “ти или јас” во светот на “ти и јас”.

Овој културен мит е показател за болната одвоеност што се чувствува длабоко внатре. Ние сме учени да му дадеме авторитет на она што го мислиме, а да не веруваме во она што го чувствуваме. Живееме според некој друг часовник и играме улоги кои други ни ги диктираат. Самите себеси се принудуваме на работи и начин на живот кои не ги одразуваат нашите уникатни карактеристики. Ја занемаруваме нашата креативност и ги трошиме нашите подароци.

Оваа дисконектираност од нашата вистинска природа не оддалечува од нашата поголема улога и остава катастрофални последици од нашите постапки кои влијаат врз другите луѓе, суштества и планетата во целост – нашето поголемо семејство.

  1. Никогаш не е доволно

Единственото нешто што не спречува од добивањетo на она што го сакаме е приказната што постојано си ја раскажуваме. – Тони Робинс

Нашиот безнадежен сон не условува да веруваме во постојан недостиг. Нема доволно ресурси, барем не за сите нас. Животот се сведува на “јас или ти”, или “моите или твоите луѓе”.

Овој мит ни кажува дека ние, како поединци, исто така фундаментално сме несоодветни. Како резултат на тоа, секогаш ни треба повеќе; повеќе време, повеќе пари и повеќе производи за да не направат подобри луѓе. Во култура на постојан недостиг опстанокот станува примарна цел и уште една причина која не одвраќа од она што е најбитно за нас.

one-13

Секогаш ни треба повеќе и повеќе; повеќе време, повеќе пари, повеќе производи за да не направат подобри луѓе

Догмата на недостиг ја подгорува и храни нашата алчност, предизвикувајќи да земаме премногу, да грабаме, да собираме, да се прејадуваме, да користиме прекумерно, да ги уништувамеме ресурсите и да манипулираме со другите, а притоа внимавајќи некој да не ни го земе нашиот удел. Поклонувајќи се на безмилосната економија која го одредува нашиот пристап до посакуваното изобилство, завршуваме обожавајќи и величејќи ствари и производи.

  1. Не можам

Прави најдобро што можеш додека не знаеш подобро. Потоа, кога знаеш подобро, направи уште подобро. – Маја Ангелоу

Нашиот безнадежен сон го намалува нашиот внатрешен авторитет и нашиот вроден капацитет сами да ја создаваме нашата реалност. Збунети околу тоа кој е навистина одговорен за нашите животи, се бориме да ја поседуваме нашата моќ.

Го наследивме илузорниот сон од нашите претходници кои веруваа дека надворешна сила треба да донесува одлуки место нас и да ја одредува нашата судбина. Остатоци од нашето предавање на надворешен авторитет живејат во рамките на нашата колективна психа. Ние ја преземеме улогата на дете во универзум контролиран од надворешна, груба и репресивна сила. Оваа вградена перспектива нè води да веруваме дека сме немоќни да ги смениме условите во нашиот свет, што е најголема пародија од сите. Отидовме предалеку во прифаќањето дека живееме во свет што многумина од нас воопшто не би го ни одбрале.

one-15

Веруваме дека сме немоќни да ги смениме условите во нашиот свет

Обезвластеноста ни дозволува да не се чувствуваме одговорни за нашите постапки, како да некој друг, некоја непозната родителска сила на власт, ќе дојде и ќе ни го исчисти нередот.

Никој нема да дојде да го исчисти нашиот неред, тоа мора да го направиме самите.

  1. Морам да следам и да се сложувам

Обидот да се живее нечија туѓа дарма носи екстремна духовна опасност. – Кришна

Нашите безнадежни соништа бараат усогласеност и сообразност. Ние сме условени да веруваме дека пронаоѓањето на нашиот пат во овој свет е битка и дека подобро и посигурно е да се сложуваме со масата.

Ние сме управувани кон “безбеден” и “познат” пат, сервирајќи ни се илузија дека усогласеноста и хомогенизацијата ќе ни овозможат да бидеме прифатени и ќе ни донесат сигурност. Секој друг пат, освен овој, е пат на притисок, омаловажување, отфрлање или санкции.

Депресијата за многумина од нас е духовен одговор поради уништениот сонувач, имагинарното битие за кое оваа усогласеност буквално значи смрт – смрт на единствената вистинска цел и мисија.

Сепак, имајте го во предвид ова …

  1. Вие припаѓате

Ако можете да летате, ќе бидете сведоци на вашето несомнено учество во космичката песна. Вие сте константо под влијание и влијаете, неспорно вткаени во екосистемот на постоењето.

ONE-5-1

Депресијата за многумина од нас е духовен одговор поради потиснатиот сонувач

Вашето живеење влијае на средината – почвата, протокот на реките, чистотата на океаните и квалитетот на воздухот.

Летајќи погоре, ќе видите како вашите идеи и емоции брзо одекнуваат низ човечкото коло. Ќе бидете сведоци колку акти на суровост се спречуваат со едно ваше мало свесно одбивање да го пренесете страдањето. Свесни за бранот на колективен страв и болка, искуството на поделби ќе биде препознаено за она што навистина е, една голема и претерана илузија.

  1. Вие имате сè што ви треба

Во следните 30 години можеме да го уништиме нашиот свет. Меѓутоа, со истите тие сили – духовни, општествени и научни, ние можеме и да го развиваме нашиот свет.

Нашата мисија е да служиме како катализатори за планетарно будење во нашиот животен век, да тргнеме по ненасилен пат кон следната фаза од нашата еволуција. – Барбара Маркс Хабард

Живееме на планета полна со изобилства, рај во кој лекот континуирано расте заедно со болеста и во кој проблемите коегзистираат со решенијата. Имаме капацитет да поттикнеме извонреден соживот со нашите природни ресурси. Имаме доволно знаење да ги решиме проблемите со дистрибуција на ресурсите, да одгледуваме храна во многу различни услови, да ги исчистиме нашите води и да го вратиме здравјето на луѓето и планетата.

ONE-4-1

Имаме капацитет да поттикнеме извонреден соживот со нашите природни ресурси

Ние исто така во нас поседуваме се што потребно да ја рашириме нашата лична мисија и да го испорачаме нашиот највреден придонес.

Кога ќе го смениме основниот сон, кога успешно ќе ги отстраниме заслепувачите на старото космолошко уредување, тогаш ќе можеме да ја примениме нашата колективна интелигенција на најпросветлен начин. Нашите животи повторно ќе ни зборуваат со јасност и без манипулација на стравот од безнадежниот сон.

  1. Вие можете

Јас сама не можам да го сменам светот, но можам да фрлам камен низ водате за да создадам многу бранувања. – Мајка Тереза

Во секое човечко суштество престојува уметник. Нашите животи се глина. Секоја личност е креатор по својата најосновна природа. Вие сте родени во овој свет во состојба на чудо, спремни веднаш да допрете, да комуницирате и да влијаете. На светот му недостасува тоа нешто што вие сакате да го донесете, а вие пак сте родени и опремени да го дадете. Кога ја живете својата дарма; кога одите со свој интегритет, луѓето тоа го чувствуваат и се привлечени од вас.

ONE-14

Вие сте родени во овој свет спремни веднаш да допрете, да комуницирате и да влијаете

Поставувајќи го курсот на вашиот уникатен живот, пред вас имате нецелосна слика која го чека вашиот следен потег со уметничката четка. Имате авторитет, вие сте наменети да преземате ризици, да пробувате различни работи, да се сплеткате, да паднете, да толерирате, да се чувствувате изгубени, да се сомневате во вашиот здрав разум.

  1. Вие избирате

Самите ги одредуваме нашите ставови, нашите верувања, нашите постапки. Избираме да создаваме или да уништуваме. Константно сме условувани да веруваме дека за да бидеме вредни личности мораме да избереме врз основа на она што е општествено прифатливо. Ние сме наменети да го избереме нашиот пат врз основа на она што е најмногу важно за нас.

Кога ќе избереш врз основа на она што го сакаш, од свој авторитет, многу е поголема веројатноста да продуцираш вистинска вредност.

ONE-17

Ние треба да го избереме нашиот пат врз основа на она што најмногу ни е важно

Кога ќе одлучите да се обидете да ги задоволите другите или да постигнете сигурност, поверојатно е дека ќе доживеете исцрпување, незадоволство и конфузија. Вие го ширите страдањето.

Она што најмногу ви е важно, навистина значи

Дали сте размислувале за она што е најважно за вас? Кога гледате во светот, што најмногу ви го привлекува вниманието? Каде сте интуитивно или магнетно привлечени?

Забележете ги интеракциите, луѓето, местата и активностите што ве осветлуваат, што ви даваат енергија, наместо да ве исцрпуваат.

Што го стимулира вашиот интелект? Што ви предизвикува чувство на леснотија и врска?

ONE-9

Верувајте им на  пораките што доаѓаат од интелигенцијата на вашето битие

Променете ја вашата внатрешна приказна

Ако не сте сигурни, не сте сами. Знајте дека возбудлива авантура е пред вас.

Еволуирајте своја приказна: Оспорувајте ги основните митови. Започнете да се гледате себеси и другите во ново светло. Приказната е важна. Потсетете се пред да одите во кревет и кога ќе се разбудите: Вие сте безбедни, припаѓате, вие сте неразделно поврзани со поголема мрежа и вие сте дел од поголема приказна. Репрограмирајте се самите. Кажете си го тоа наглас,  впрочем, вие сте свој најдобар хипнотизер.

Водете со своето срце: Истражувањата покажале дека енергетското поле на срцето е далеку поголемо од она на мозокот и дека 90% од комуникацијата е иницирана од срцето кон мозокот. Кога нашата варијабилност на срцевиот ритам (HRV) е кохерентна, нашето кортикално функционирање е на највисоко ниво. Ова ни дава пристап до нашата највисока интелигенција и интуиција, нашата најголема креативност и издржливост.

Почнете да ги забележувате позитивните ефекти од вашата физиологија: Кога живеете во согласност со оваа нова емотивна приказна и донесувате одлуки врз основа на своето срце, дали имате повеќе или помалку енергија? Дали се чувствувате помалку или повеќе поврзани? Важно е да го регистрирате и да го забележите ова.

Како што ја менувате вашата внатрешна приказна и имате поголема доверба во пораките што доаѓаат од интелигенцијата на вашето внатрешно битие, најверојатно ќе се чувствувате побезбедно, помирно, појасно и повеќе усогласено со вашата вистинска природа.

Вие природно ќе го промените начинот како живеете, се движите секој ден и како донесувате одлуки.

Нема од што да се плашиме – премин од страв кон љубов

Стравот неконтролирано го води нашиот свет, не заслепува и не спречува во создавањето на подобар свет. Сите ние можеме да ги надминеме нашите стравови прифаќајќи неколку повисоки вистини и зголемувајќи ја нашата свест и свесност  за неколку битни моменти.

Love-vs.-Fear-1

Свет на стравот

Во нашиот свет доминира стравот. Страв од тероризам, страв од стареење, страв од смрт, страв од рак, страв од што и да е. Мејнстрим медиумите нè бомбардираат со лоши вести, а комерцијалниот интерес и профит ја користат нашата несигурност и страв за продажба на нивните производи.

Нашите стравови се рефлектираат во војните кои ги водиме, војна против тероризмот, војна против дрогата, итн. Нашите стравови се рефлектираат и во нашата фантазија – зомби апокалипса, инвазија на вонземјани, крај на светот, добро наспроти зло. Нашите стравови се манифестираат во сите аспекти од нашиот живот и во светот што го создаваме.

Многумина од нас дозволуваат болните и тешки искуства од нашето минато да доминираат во нашето размислување и акции во сегашноста. Живееме во страв од повторното доживување на траумите од минатото и стануваме одбранбени и реактивни наместо отворени, присутни и смирени.

Можеби нашите најдлабоки стравови се затоа што “немаме доволно” или “не сме доволно”, затоа што не можеме физички да обезбедиме за себеси, затоа што не сме доволно добри, достојни или заслужни. Стравовите што се родени од илузиите на ограничувањата ја поттикнуваат и креираат нашата реалност.

Се изгубивме во ова царство на поделба и двојност и почнавме длабоко да веруваме во ограничувањата и поделбите како апсолути на постоењето. Го изгубивме допирот со нашето повисоко јас кое пак не знае за ограничувања и за двоење од самото и од сите.

Заслепени од страв

Стравот не е нужно лоша работа. Стравот е карактеристика на егото и одредена доза е потребна за да се заштитиме себеси како физички суштества. Но денес стравот е претеран и е надвор од заштитните инстинкти, станувајќи начин на живот, постојано искуство и внатрешен водечки глас.

Стравот треба да нè поттикне да бидеме свесни и внимателни за било какви опасности околу нас, но денес стравот не поттикнува и охрабрува да бидеме несвесни и изолирани од нашиот внатрешен водечки глас и повисокото себе.

Постојат луѓе на нашиот свет кои го користат стравот како средство за да не онеспособат и раздвојат, да не одвлечат од нашата внатрешна вистина и повисоко јас. Овие луѓе сфаќаат дека стравот е моќна алатка што може да ја користат за да ги контролираат другите, да ги постигнат своите агенди и да си дадат себеси лажно чувство на моќ и важност. Додека тие создаваат пресметани околности, ситуации и страшни сценарија, сепак можеме да одбереме да бидеме свесни за сопствените емоции и реакции и да не го активираме стравот во нас.

Стравот е моќна емоција која нѐ одвлекува од она што е важно и константно не држи фокусирани токму на она што не го сакаме, наместо да се фокусираме на она што сакаме. Нашите стравови не ограничуваат во можностите и во способноста да создадеме најдобри можни резултати за нашите животи и за светот во кој живееме.

Како што стануваме свесни за вистината на нашето повисоко себе и за пошироката реалност, сфаќаме дека нашите мисли се креативни и дека она што го фокусираме и го привлекуваме. Креативната моќ на мислата во голема мера е определена од нејзиното времетраење, конзистентност и емотивен интензитет.

Стравот е многу силна емоција, а допуштајќи му да си игра во нашата глава тој не прави моќен манифест на она што не го сакаме. Тоа е причината зошто луѓето кои го совладале својот ум никогаш не се задржуваат на своите стравови. И токму затоа, оние што се обидуваат да се зајакнат себеси преку контролирање на другите секогаш се обидуваат да ги охрабрат нашите стравови.

Надминување на нашите стравови

Се случува голема промена во свеста на човештвото и многу од нас почнуваат да ги надминуваат своите стравови; преминувајќи од страво-центрични одговори на умот и егото кон сочувствителни одговори на срцето; преминувајќи од страв и осуда на прошка и љубов. Сепак, многумина се уште се фатени во нивните лични драми, како и во колективната планетарна драма. Војни и тероризам насекаде, глад и сиромаштија, катастрофи од сите видови … Се чини дека има многу за што да сме загрижени.

Како што се будиме и стануваме свесни за пошироката стварност и повисокото битие во нас, стануваме сè помалку и помалку приврзани за целата драма во светот. Почнуваме да го гледаме тоа што навистина е, голема илузија; игра која ние свесно ја играме.

Целосното прифаќање на неколку вистини за пошироката реалност може да ни даде длабока и поинаква перспектива на тешкотиите на животот и да не ослободи од тиранијата на нашите стравови.

Вистинското “ЈАС” живее засекогаш

Постоењето не завршува кога телото умира, бидејќи вистинското “ЈАС” не е тело, вистинското “ЈАС” е вечно нематеријално битие, нишка на универзалната и изворна свест. Вистинското “ЈАС’ е поврзано со телото како средство за физичко искуство во материјалниот свет. Кога телото ќе умре, свеста продолжува да живее бесконечно.

“Во последните неколку моменти пред физичката смрт, како што умирате, се чувствувате себеси како свест без форма. Одеднаш, нема повеќе страв, само мир и знаење дека “сè е добро” и дека смртта е само форма која се раствора. Смртта се препознава како крајна илузија – илузорна како формата со која сте се идентификувале како самите себе.” – Екхарт Толе, “Тишината зборува”

Нашата душа е нефизичко битие – чиста енергија, чиста свест. Не и е потребна храна, нема потреба од засолниште и нема потреба од работа или пари. Нејзиното постоење не зависи од ниедна од овие работи.

Таа е нишка на универзална свест и таа не може да биде оштетена од ништо. Телото може да биде повредено, но не и свеста која го движи. Без разлика што и да се случува, таа останува неповредена. Додека секое искуство остава впечаток на свеста, ништо не може постојано да и наштети на душата, на нашата вистинска природа како нефизичко суштество, чиста свест.

Душата постои во повисоките рамнини на постоење кои се исполнети со љубов и блаженство. Љубовта и поддршката се даваат и се добиваат безусловно. Вистинското “ЈАС” е секогаш сакано.

Менување од страв во љубов

Замислете ако вашиот одговор на сè во вашата реалност и вашиот свет, без разлика дали тоа е голема катастрофа или болно искуство, е сочувство за себе и за секого. Замислете ако секое искуство во вашето минато, кое ве охрабрувало да реагирате во страв, е променето и избришано и заменето со одговор на сочувство. Како би било тоа? Која перцепција би ја имале за светот и дали стравот воопшто би постојал? Со историја на сочувствителни одговори, како би реагирале или би се чувствувале за вашата актуелна реалност исполнета со страв? Запомнете дека отпорот, фрустрациите, вознемиреноста, стресот и загриженост се исто така елементи на стравот.

Постојат многу ужасни околности каде што можеби изгледа дека е соодветно да се реагира со страв, лутина и огорченост. Но, замислете да се реагира со сочувство. Тоа ќе овозможи љубовта да тече низ вас. Вежбањето сочувство овозможува секоја ситуација да се осветлува со светлина, љубов и мир за себе и за целото човештво. Замислете ако секоој човек избира да реагира со сочувство – стравот ќе исчезне и љубезноста ќе цвета на негово место. Од љубезноста се раѓа љубовта, безусловната љубов кон изворот која може да биде широко и слободно споделена бидејќи нејзиното снабдување е неограничено.

Преместувањето на реакциите на страв кон сочувство и љубов бараат внимателност по неколку точки:

Стравот е илузорен
Набљудувањето и свесноста за стравовите е најмоќната алатка за ослободување на навиката на страв бидејќи промените се возможни само преку свесност. Со одвојување од стравот, можете да размислувате и да чувствувате со поголема јасност и да манифестирате со поголема моќ.

Простување
Кога сте свесни дека сте реагирале и сте одговориле со страв, простите си, знајте дека стравот е условена навика; ќе биде потребно време и посветеност да да ја надминете. Со свесност можете да ги надминете вашите автоматски реакции на страв. Одговорете со простување секогаш кога ќе почувствувате реакција на страв, отворете го патот на повисоките енергии, мисловни процеси и емоции на сочувство. Со простување, го охрабрувате одвојувањето од стравот и свесно избирате да манифестирате љубов, без разлика што се случува и со какви предизвици се соочувате.

Сочувство
Постојат многу случувања во нашиот свет токму сега, кои предизвикуваат терор, болка и страдање за оние кои се вклучени, како и за оние што се сведоци. Многу од овие трагедии се манифестираат поради силните ега и недостатокот на сочувство на поединците кои се вклучени и нивната неспособност да ја почувствуваат љубовта и водството на нивното повисоко јас. Ова ги тера да им нанесуваат болка на другите.

Кога ги гледаме овие ужасни случувања, препознаваме дека ваквите околности дејствуваат како катализатор за позитивна промени во многу луѓе. Додека сме сведоци и сме свесни за болката и страдањето на животот во целиот свет, сочувството се активира кај многу луѓе. Ова активирање на сочувство го отвора патот до протокот на лековитата енергија од длабочините на душата и универзумот, зголемувајќи ја енергетската фреквенција на нашиот свет и целото човештво. Оваа зголемена енергија предизвикува многу повеќе луѓе да се разбудат и да станат свесни за вистината на пошироката стварност и нивните повисоки битија.

Колку повеќе и почесто реагираме на ситуациите со прошка, сочувство и љубов, толку повеќе и подлабоко чувствуваме мирна енергија во себе и во другите. Колку повеќе го споделуваме сочувството со себе и со другите, толку повеќе со нашите мисли и емоции креираме нов модел на реалност – нова реалност која се карактеризира со соработка, хармонија, мир и просперитет за секое живо битие на планетата Земја.

Менувањето на нашите верувања го менува светот околу нас

Промената започнува од внатре.

CHANGE-6

Се забележува една основна грешка кога луѓето зборуваат за надеж за промени во светот и општеството. Тоа е идејата дека ние гледаме на поимот промени како на нешто што се случува надвор од нас, а кое е управувано од некоја безлична група на елитни научници, пронаоѓачи и лидери кои треба да дојдат до револуционерна идеја што ќе го постави светот на поинаков начин. Грешката е што оваа идеја повторно ќе дојде од истата мувла која на прво место го создала и обликувала проблемот наречен ПОДЕЛБА.

Мислиме дека сме одвоени од сите злосторства што се случуваат во различни делови на светот; одвоени од сомнителните глобални договори направени во интерес на малкумина; одвоени од прекрасната работа што ја вршат некои несебични мировници и волонтери; одвоени од крвавите раце на нашите претходни генерации и проблемите на следните генерации. Сметаме дека сме беспомошни, невини и немоќни во поглед на сето ова и дека промената што ја очекуваме “треба да дојде” од други, поединци, колективи или нации.

Кога го гледаме светот надвор, постојано гледаме проблеми. Ги гледаме проблемите во реалниот свет, како што се пренаселеност, енергетска криза, недостаток на вода, уништување на животната средина, опасности по здравјето итн. Исто така, гледаме дегенеративни и авто-деструктивни модели на однесување, како што се алчноста, материјализмот, лудилото, прекумерната потрошувачка и општото разочарување со светот и универзумот. Накратко, гледаме дека современиот човек ја изгубил својата душа, и се исклучил од својот дух и од природниот свет.

CHANGE-8

Всушност, сите овие проблеми што ги гледаме се вкоренети во поделбата. Се чини дека човештвото е на погрешен курс бидејќи ние се одделивме од нашата наследена мудрост, нашата маѓепсаност од волшебниот универзум, од себеси, од нашето битие. Во нас се повеќе се вкоренети лажните идеи за индивидуалната слобода по цена на благосостојбата на заедницата. Чувствуваме дека имаме слобода да бидеме одделени од нашата глобална заедница и настаните кои влијаат на милиони. И повторно, темата е одвојување.

На друго ниво, ние не успеваме да видиме дека нашиот надворешен свет, со сите свои благосостојби и проблеми е само проекција на нашиот внатрешен свет, и индивидуално и колективно. Војните, злосторствата, еко-уништувањето и немирите не се ништо повеќе од проекција на она што ни се случува внатре, на подлабоко психичко ниво. Состојбата во светот во која сме, не е ништо повеќе од состојбата внатре во нас, на колективно ниво. Повторно чувствуваме дека постои поделба помеѓу нашата внатрешна и надворешна реалност, која во основа не е ништо повеќе од обична илузија. На позитивната страна, добрата промена на која веќе почнуваме да сведочиме е исто така одраз на нашата растечка свест, прво на индивидуална, а потоа и на колективна скала.

Пред да очекуваме масовни промени на страдањата што ги гледаме во светот, треба да почнеме да експериментираме со промена на непосредната реалност околу нас, опремени со идејата дека можеме да ја искривиме нашата лична реалност со поместување на тоа како се соочуваме со светот и комуницираме со него. Биди промената што сакаш да ја видиш”Ганди

Ние почнуваме да ја менуваме нашата реалност не преку добивање на нешто ново, туку со отпуштање и отфрлање на сите години на условувачки и самоограничувачки верувања.

Ние сме дел од равенството на животот                                                                           Кога се чувствуваме исклучени, ја губиме нашата вистинска моќ. Таа моќ е чувството да се биде едно со животот – да се биде составен дел на равенката. Повторно, човековата “болест” е тоа што ние се чувствуваме одвоени од, и немоќни над, струите на нашиот животен тек. Кога ќе го прифатиме верувањето дека сме дел од целокупниот еко-систем на животот, со сите суптилности и магии, тогаш ќе создадеме моќно внатрешно уверување кое ќе ни овозможи да имаме доверба и верба во она што се случува. Ова е волшебната состојка за останување во склад со нашиот највисок потенцијал и деблокирање на сите пречки што не спречуваат да се движиме напред и да ја менуваме нашата реалност.

CHANGE-9

Ние ја имаме моќта да бидеме промената што ја сакаме                                      Ние сме вградени во систем што е програмиран да не оневозможи и кој не условува да веруваме дека промената се случува надвор од нас. Сепак, кога повнимателно го слушаме нашето срце, сфаќаме дека оваа моќ или немоќ е само во наши раце. Ако дозволиме да бидеме заземјени од машинеријата на системот, тогаш тоа е она што сме го создале самите. Ако, од друга страна, го преземеме нашиот живот и судбина и се поттикнуваме со идејата дека само ние имаме моќ да ја направиме промената, тогаш ги превртуваме масите на системот, почнуваме да стануваме слободни срца и слободни мислители. Оковите повеќе неможат да не врзат бидејќи стануваме мајстори на нашата сопствена судбина.

Ние сме ко-креатори на сопствената реалност                                                          Тоа е едноставна, но навистина моќна вистина. Ние сме ко-креатори на нашата реалност. Погледнете во вашиот живот, состојбата во која се наоѓате – без разлика дали е добра или лоша. Вие имате голема улога во таа креација, без разлика дали сте свесни за тоа или не, правите избори, комуницирате, сонувате и дејствувате, вие несомнено сте ко-творци на вашата сопствена реалност. Колку повеќе ја доловуваме таа идеја и свесно се држиме за неа, толку повеќе можеме да ко-креираме и да го промениме нашиот живот во позитивна насока.

Исцелувањето е губење на чувството на одвоеност и страв                              Ако свесно погледнеме длабоко во себе, ќе најдеме постојан копнеж за исцелување; за враќање на вашето битие. Ова е постојана духовна потрага што ја бараме на различни начини и во различни периоди од нашиот живот. Она што навистина значи ова исцелување е тоа да се сетиме на она што навистина сме – на нашата вистинска сила, на нашата човечност и божественост во исто време. Најмногу од се, исцелувањето го надминува стравот и нашето чувство за одвоеност. Тогаш е важно да се сетиме дека можеме да се излекуваме само преку оддалечување од стравот и од верувањето дека сме исклучени и сами во непријателски универзум.

CHANGE-4

Другите се сојузници на нашите ко-креации                                                            Чувството на одвоеност продолжува и понатаму да го засилува чувството на “нас и нив”. Чувствуваме дека другите можат да ни бидат закана за нашата благосостојба и среќа. Ги гледаме како можни конкуренти во ограничен базен на ресурси. Влегуваме во начинот на опстанокот. Ова, воопшто, е многу контрапродуктивно. Колку повеќе се ослободуваме од чувството на страв и одвоеност (исцелувајќи се), толку повеќе ги гледаме другите како потенцијални сојузници и соработници во нашите сопствени ко-креации. Ова не може да биде поинаку ако појдеме од премисата дека се е меѓусебно поврзано и дека ние сме составен дел од равенството на животот. Луѓето кои станале свесни ко-креатори на сопствената судбина ја знаат вистинската вредност и моќ. Тие ја разбираат важноста на помагањето, споделувањето, довербата и давањето. Тие ја разбираат човечката природа интимно, знаат дека секој човек, без оглед на тоа какво е неговото или нејзиното однесување, го носи истиот потенцијал за исцелување на себеси, на другите и на светот околу нив.

Секогаш можете да го промените каналот на кој сте вклучени                        Друга фундаментална вистина, која константно се повторува во различни форми, е дека, крајно, сè е енергија и вибрации на различни нивоа на фреквенција; од многу ниски вибрации на болка во душата, до високи возбудливи фреквенции на љубов и блаженство. Секој ја има моќта и слободата да одбере кој канал ќе го вклучи. Авто-негативноста, самоограничувачките верувања, стравот, циничните пријатели итн., не држат во реалност што вибрира со ниска фреквенција. Од друга страна, пак, отворете го своето срце кон нови искуства и авантури, правете повеќе работи што ви се допаѓаат, бидете благодарни, опкружете се со возбудливи луѓе и не се плашете да сакате. Тоа ќе ви помогне да префрлите во пропусен опсег што ќе привлече повеќе од истата добрина и возбуда. Тоа буквално ќе ве натера да станете промената што сакате да ја видите во себе и во светот. Во основа тоа е подесување и привлекување на енергетски вибрации кои би сакале да ги гледате повеќе во вашата реалност. Додека се приклучувате на повисоки фреквенции, а се исклучувате од пониските, вие создавате смислена и позитивна лична реалност која во крајна линија е проектирана и манифестирана во светот. Резултатот е дека ќе ја креирате промената што сакате да ја видите во овој свет. На колективно ниво, ова ќе биде почеток на нова земја.

Замолчени

society-2

Прво, се будиш свесен за сопственото угнетување,
за начините на кои си бил замолчен,
за приказните што ги носиш во себе за тоа зошто
твоите зборови вредат помалку од зборовите на оние кои
најмногу имаат корист од твојата приказна.

Се будиш свесен за вистината дека
твоето мислење за себе не било изградено само од тебе.
Тоа било обликувано со цел – да те остави мал и замолчен.

Тогаш се будиш свесен за твојот гнев,
за жестоката решеност да не се покоруваш,
да не ги слушаш приказните,
да не останеш мал.

Но, потоа, некој ден подоцна,
откако си научил да зборуваш,
се случува уште едно будење.
Се будиш свесен за фактот дека
твојата фрустрација те научила да се прилагодиш наместо да се кренеш нагоре.
Ти си ја променил формата за да бидеш повеќе како нив,
да работиш во нивните ходници на власта,
да преживуваш во свет кој не сака да го слушне твојот глас.
Си станал еден од нив за да бидеш слушнат од нив.

Тогаш твојот гнев се буди уште еднаш,
овојпат со нова определба.
Овој пат, зборуваш со твојот вистински глас,
без разлика дали се слуша или не.
Започнуваш да живееш во центарот на твојот вистински живот
без разлика дали тоа е прифатливо за нив или не е.
Ризикуваш негирање и презир
затоа што веќе одбиваш да се вратиш на спиење.

Но, потоа, некој ден подоцна,
сфаќаш дека уште нешто друго се случува,
и дека тоа ќе бара уште едно будење.
Ова ќе бара да погледнеш со јасни очи
и да зборуваш со уште појасен глас.

Почнуваш да се будиш свесен за приказните на другите луѓе,
за нивното угнетување и нивната замолченост.
Започнуваш да гледаш како оние чија кожа, пол и љубов се разликуваат од твојата, се будат исто така,
а нивното будење прави да се чувствуваш непријатно.

Нивното будење
бара од тебе да погледнеш уште појасно и поладнокрвно
во твојот сопствен живот.
Потоа почнуваш да се будиш свесен за сопствените привилегии
и за начините на кои си имал корист од нивното угнетување.
Почнуваш да се будиш свесен за болката во нив.
Започнуваш да ги слушаш криците на замолчените,
” И ние сакаме да бидеме слушнати !”

Ова будење е најтешко,
сакаш да го игнорираш,
да му се спротивставиш, да го негираш она што го гледаш.
Сакаш да се вратиш во сопствената приказна,
во сопственото востание,
затоа што единствено таму можеш да се чувствуваш ослободен и победнички.
Таму, не мора да се соочиш со вистината
дека можеби ти, дури и ти, ги држиш клучевите
од некој друг синџир.

Конечно, повеќе неможеш да го негираш тоа.
Твоите разбудени очи гледаат дека ти си навистина и единствено слободен,
ако и тие се слободни.

И така се будиш,
и се соочуваш со тешката вистина.
Ја чувствуваш болката
кога твојата микро-агресија
и кревкост се изложени,
и тогаш ја правиш најтешката работа.

Непоколебливо се гледаш самиот себеси, ги гледаш сенките и светлината,
и просторот помеѓу нив.
И кога си буден, тогаш повеќе неможеш да го тргнеш погледот, започнуваш да гледаш се.

Конечно гледаш
дека кога навистина си буден,
и навистина искрен за твоето место во светот,
повеќе не е опасно да застанеш до оние
кои исто така се будат.

Твојот гнев повторно гори.
Твојата жестока определеност уште еднаш се крева.
Овој пат, твојата љубов е доволно голема
за да ја издржи нивната болка заедно со твојата.
Овој пат, твојот глас е доволно силен
за да ја зборува нивната вистина заедно со својата.
Овој пат, твојата храброст е доволно длабока
за да им дозволи да зборуваат вистина која што е
различна од твојата.